Утрински Весник
Македонија

АХВ со 262 вонредни контроли на новогодишни пакетчиња: утврдени само минимални недоследности

Ahv fva building.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во пресрет на новогодишните празници, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вкупно 262 вонредни инспекциски надзори со цел контрола на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња. Контролите биле реализирани во магацини за пакување на пакетчиња, како и во маркети и продавници каде што се врши промет со овој вид производи.

При извршените надзори, инспекциските служби на АХВ утврдиле несовпаѓање на роковите на употреба наведени во збирните декларации со поединечните рокови на производите во пакетчињата, како и некомплетни декларации. Поради тоа, издадени се четири решенија со наредба за повлекување на новогодишни пакетчиња од промет, а на двајца оператори со храна им се изречени решенија со обврска за дополнување и ставање збирни декларации на пакетчињата.

Од АХВ информираат дека со спроведените 262 инспекциски контроли не е изречена ниту една парична казна за операторите со храна, ниту, пак, е уништена небезбедна храна.

Во споредба со минатата година, кога кај оваа категорија производи биле утврдени бројни неправилности, како несоодветно означување, недостиг на декларации, наведување рок на употреба само на збирното пакување, како и присуство на производи со поминат или краток рок на трајност и изменети органолептички својства, годинава се констатирани само минимални недоследности кај операторите.

И покрај позитивните наоди, од Агенцијата за храна и ветеринарство најавуваат дека и во наредниот период, особено пред и по новогодишните празници, ќе продолжат со засилен инспекциски надзор со цел континуирано следење и обезбедување на безбедноста на детските новогодишни пакетчиња.

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината