Утрински Весник
Македонија

АХВ: 23 казни за малопродажни објекти и уништени 30 килограми небезбедни производи

Ahv.jpg

Дванаесет малопродажни објекти воопшто не биле регистрирани во Агенцијата за храна и ветеринарство како оператори со храна, во 9 објекти вработените лица немале извршено задолжителни здравствени прегледи, а исто толкав број оператори не ги задоволувале хигиенските барања за безбедност на храната. Ова се резултатите од извршените 192 вонредни надзори во малопродажни објекти – мини маркети и продавници за храна на инспекторите на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Контролирана беше исполнетоста на хигиенските барања за безбедност на храната, здравствени барања за вработените лица, температурниот режим на чување на храната, како и дефинираните рокови на трајност на производите, соопшти АХВ.

За утврдените недостатоци издадени се вкупно 30 решенија со мерки за нивно отстранување, а изречени се и 23 парични казни.

Уништени се триесетина килограми небезбедни производи (замрзнато месо, млечни производи, преработки од месо) и над 66 литри јогурт.

Можете да прочитате

Панел-дискусија „To be or not to be… студент во Македонија?“

Седница на Генералното собрание на ЗЕЛС

Четврта регионална експертска средба за Кластер 1 „Основи“