Утрински Весник
Македонија

Јахоски се жали на одлуката на судот кој не прифати над 2 милиони евра гаранција да излезе од Шутка

158771359 1343891185971722 7890741468107697192 n.jpg

Одбраната на сопственикот на „Пуцко петрол“ Асмир Јахоски осомничен во истрагата за злоупотреби со мазутот поднесе жалба на решението на Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје кој го одби неговото барање да даде 2,15 милиони евра за да биде пуштен од притвор и да се брани од слобода.

Според процедурата жалбата се поднесува до Кривичниот суд, која потоа се праќа повторно на мислење во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а по комплетирањето предметот се праќа во Апелационот суд.


Кривичниот суд вчера соопшти дека ја одбива понудата на Јахоски да го пуштат од Шутка и покрај тоа што Јахоски даде 1 милион евра во недвижен имот и се согласил да уплати уште 1,15 милиони евра како што бараше Обвинителството.

Во истрагата за мазутот што ја отвори Обвинителството, сопственикот на „РКМ“ Ратко Капушевски заврши во Шутка, а тој и неговата фирма две години увезувале мазут за ТЕЦ Неготино, иако не ги исполнувале условите од јавниот повик, поднеле невистинита документација и го оштетиле буџетот за речиси 170 милиони евра.

Капушевски и неговата фирма се сомничат за злоупотреба на постапка за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство и перење пари, додека Јахоски се сомничи само за перење пари.

Според соопштението од Обвинителството, Капушевски се сомничи дека неговата фирма две години увезувала мазут за ТЕЦ Неготино, иако не ги исполнувале условите од јавниот повик, поднеле невистинита документација и го оштетиле буџетот за речиси 170 милиони евра.

Според Обвинителството, имало фиктивен договор меѓу двете фирми за извлекување пари, а во два наврата како позајмица, сопственик на својата фирма си префрлил 1,2 милиони евра (720 милиони денари), за што Обвинителството смета дека постојат сомнежи за перење пари.

Во истрагата осомничени се и поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски, кој е во бегство и е обвинет и во предметот „Адитив“. Притвор беше одреден за Капушевски, потоа за Ерџан Сулкоски, порано вработен во „Пуцко петрол“, а сега бизнис-партнер на Капушевски, како и за поранешниот директор во ЕСМ, Ардијан Муча. Јахоски доби домашен притвор, но по жалба на Обвинителство и тој заврши во Шутка.

Можете да прочитате

(Фото) Вечерва тешка сообраќајка во центарот на Скопје – две возила се судрија

Снопче: Ако Мицкоски ни покаже излез – веднаш ќе си заминеме од Владата

Отворена хуманитарно-продажната изложба во НУЦК „Бели мугри“ за повредените во „Пулс“