Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор

20250813104408 big 730x400 55.webp.webp
Dik 300x250 mk

Пред 24 години, Албанците и Македонците си подадоа рака за да изградат нова, рамноправна и интегрирана Македонија во НАТО и ЕУ, преку Охридскиот мировен договор, гарантиран од Соединетите Американски Држави и Европската Унија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети во говорот по повод 24-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

– Заедно го изменивме уставот и го усвоивме нормативниот дел од Охридскиот договор, вклучително и службената употреба на албанскиот јазик, националното знаме, високото образование, правичната застапеност и многу други закони. Изградивме универзитети, училишта, градинки, болници, Коридор 8, патна и подземна инфраструктура, воспоставивме нови образовни, културни и идентитетски институции, ги урнавме границите меѓу нас. Низ годините, Албанците го водеа Собранието и сите министерства, а се реализира и ветената позиција на првиот албански премиер – рече Ахмети.


Тој истакна дека нивниот придонес за државата резултирал со добри меѓуетнички и меѓусоседски односи, членство во НАТО и отпочнување на преговорите за членство во Европската Унија.

– Од сите овие и многу други достигнувања победи нашата заедничка држава, а никој не загуби. Сите достигнувања во изминатите 24 години ги направивме заедно, како со ВМРО и со СДСМ, така и со нашите меѓународни пријатели. Овие достигнувања се самата држава, тие се темелот на стабилноста, безбедноста и иднината на нашата земја. Затоа, ревизија на заедничките достигнувања не ни е дозволена нам кои сме автори, потписници и спроведувачи на Охридскиот договор – порача Ахмети.

Според него, мора да предводиме со државничка одговорност, како државотворни партии, без краткорочни и опасни популистички и изборни калкулации.

– Ние се обединуваме, како никогаш порано, фаќајќи се за корените, а не за гранките, не како слуги и ќираџии, туку горди и посветени да одговориме на гласното народно барање за национално достоинство, денес или никогаш! Да се собереме сите, млади и возрасни, мажи и жени, четврт векот од Охридскиот договор да не најде исправени и горди како вчера, а не наведнати, омаловажени и потценети, како денес! – порача Ахмети.

Можете да прочитате

Единаесет месеци казна затвор за 43 годишниот родител, кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

Минчев направил лапсус, не зборувал за Законот за јазици, туку за правична застапеност

30-дневен притвор за скопјанецот кој со пиштол крадеше во филијали за брзи кредити