Утрински Весник
Македонија

Ахмети до Мицкоски за ветингот: Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе

D0b0d185d0bcd0b5d182d0b8 D0b7d0b0 D0b4d0b2d0b0d0b5d181d0b5d182 D0b3d0bed0b4d0b8d0bdd0b8 D0b3d0b8 D180d0b5d0b0d0bbd0b8d0b7d0b8d180d0b0 63cd8d1da58ee.jpeg

Да го пробаме хуморот, да видиме како ќе излезе, изјави лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети откако денеска премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите коментирајќи го барањето на ДУИ за ветинг на сите функционери рече дека очекувал ваквиот тип на хумор и сатира да завршат со заминувањето на ДУИ во опозиција.

Ахмети рече дека законот за ветинг е предложен пред четири години и повика ветингот да се случи со учество на претставници од Брисел и Вашингтон.

– Да видиме како ќе пројде хуморот. Јас не правам холивудски филмови и не сум холивудски сценарист. Нека повели, сите ќе ги правиме, изјави Ахмети при посетата на Државниот универзитет во Тетово. Освен ветинг, Ахмети бара да се истражува и приватизацијата во 90-те години.

Премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по посетата на поликлиниката „Идадија“ рече дека сметал оти со одењето на ДУИ во опозиција таков тип на сатира и хумор завршил.

– Во ред е, ќе слушаме во периодот што следи ваков тип на хумор и сатира, па ќе видиме до каде ќе стигнат како политичка партија, рече Мицкоски

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер