Утрински Весник
Македонија

Ахмети: Да работиме заедно за правилно образование на генерациите, во духот на меѓусебното почитување

Ali Ahmeti 9.jpg

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети со објава на својата Фејсбук страница го честиташе 24 мај – Денот на светите браќа Кирил и Методиј. -Секој народ ги постави темелите на својот мајчин пишан јазик со неуморната работа на многу мисионери кои го запечатија неговото вечно постоење. Универзалниот јазик на народите е знаењето, единствениот пат кон напредокот, затоа на сите мои сограѓани од македонската заедница им го честитам 24 мај – денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј. Секој ден да размислуваме за пожртвуваноста на сите образовни мисионери и да работиме заедно за правилно образование на генерациите во духот на меѓусебното почитување на сите идентитетски вредности, пишува Ахмети.

Можете да прочитате

Тошковски за убиството во Чаир: Еден од осомничените е лице кое издржува затворска казна

Новинарка побара одговор за цената на Дејвид Гета – Милошески: Дали ти изгледам како идиот?

Станот како дом или како капитал?