Утрински Весник
Спорт

Агуеро: Кога Меси си замина од Барса, мислев дека е шега

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Поранешниот аргентински фудбалер Серхио Агуеро изјави дека не можел да поверува кога слушнал дека Лионел Меси ќе ја напушти Барселона.
Тој додаде дека најпрвин мислел дека се работи за шега, а потоа дека е „хакнат“ официјалниот сајт на Барселона.

dobivaj vesti na viber

Агуеро потпиша за Барселона минатиот јуни откако му истече договорот со Манчестер сити со надеж дека ќе игра заедно со големиот пријател Лионел Меси. Сепак, неколку недели подоцна беше објавено дека Меси заминува од „Камп Ноу“, што го шокираше Агуеро.

Агуеро после тоа одигра само пет натпревари за шпанскиот клуб, бидејќи мораше да ја заврши кариерата поради проблеми со срцето.

„Кога се случи таа ситуација со Лео, помислив дека можеби некој ги хакнал профилите на Барселона на социјалните мрежи. Мислев дека тоа е шега. Бев со еден пријател, тој ги погледна вестите на својот телефон и рече: „Невозможно. Дали е ова вистината ? Ми го покажа соопштението на Барселона“, изјави Агуеро.

„Реков: „Ибаи, пријателе, тоа е невозможно“. Реков дека очигледно страницата е хакирана, дека тоа е само приказна од Барселона, која подоцна ќе објави дека останува. Решив да чекам, но неколку часа помина, а објавата сè уште беше на страницата. Тогаш сфатив дека никој не го хакнал профилот“, додаде Агуеро.

Барселона поради тешката финансиска ситуација не можеше да му понуди нов договор на Меси. Тој потоа се пресели во Пари Сен Жермен, со клубот има договор до јуни 2023 година.

Во последните недели се шпекулираше дека Меси би можел да се врати на „Камп Ноу“.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина