Утрински Весник
Култура

Агенцијата за филм ги објави резултатите: Теона Митевска ќе режира филм за Мајка Тереза

Друштвото на филмски работници: Институциите да ги испираат сите наоди за продукцијата „Банана филм“

Агенцијата за филм, вчера на веб страната ги објави резултатите од овогодинешниот конкурс за финансирање на проекти за производство на долгометражен и краткометражен игран, документарен и анимиран филм за 2023 во прв рок на одлучување.

dobivaj vesti na viber

Единствен финансиран во категоријата долгометражен филм со мнозинско учество е филмот со наслов “Можна приказна за мајка Тереза”, во режија на Теона Стругар Митевска, која е и сценарист заедно со Гоце Смилевски и Елма Татарагиќ, во продукција на Сестри и брат Митевски.

„Горд сум на квалитетната понуда на македонските филмаџии, на сè поцврстите ко-продуцентски соработки, но особено сум горд на жените автори во македонскиот филм, што е повторно потврда и на овој конкурс. Верувам дека режисерката која минатата година нè претставуваше на Венецискиот филмски фестивал и на Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, ќе даде една своја перспектива на животот на Мајка Тереза“, изјави Бојан Лазаревски, директор на Агенцијата за филм

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“