Утрински Весник
Свет

Агенцијата на ОН за цивилно воздухопловство пресуди: Русија е одговорна за соборувањето на авионот на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година

20250512214652 big 730x400 31.webp.webp

Русија е одговорна за соборувањето на летот MH17 на „Малезија ерлајнс“ во 2014 година и ги прекршила меѓународните договори за цивилно воздухопловство, пресуди Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) по жалбата поднесена од Холандија и Австралија.

Холандија поднесе жалба откако Русија се повлече од преговорите за утврдување на одговорноста за соборувањето на авионот.


Проруските сили го собориле малезискиот Боинг 777 што леташе од Амстердам до Куала Лумпур над источна Украина во јули 2014 година, при што загинаа сите 298 патници и членови на екипажот, вклучувајќи 196 холандски државјани и 38 Австралијанци.

Во ноември 2022 година, холандски суд осуди двајца Руси и еден Украинец во отсуство за нивната улога во нападот во кој беше урнат авионот. Москва ја нарече таа одлука „скандалозна“ и рече дека нема да ги екстрадира своите граѓани. 

Можете да прочитате

Силен земјотрес ја стресе Италија

Британската полиција уапси маж по пожарот во куќата на премиерот

Какви се изгледите за мировни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул?