Утрински Весник
Македонија

Агелер: ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата

Img 1785

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ да објави што нуди за евроинтеграциите на земјата, вели меѓу другото во интервју за ТВ 24, американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер. Таа порача дека би била среќна ако Мицкоски го покаже планот, но уште поважно е транспарентно да го покаже пред граѓаните, истакнува амбасадорката на САД во нашата земја во интервјуто за оваа телевизија.

Таа уште вели дека САД би биле апсолутно разочарани доколку не се спроведат уставните измени и не продолжи преговарачкиот процес за членство во ЕУ, иако, како што вели Агелер, Америка и Северна Македонија се во стратешко партнерство и тоа нема да влијае на меѓусебните односи.

Во интервјуто со Агелер се опфатени и темите дали предизборно ќе се проширува црната листа на САД, каков изборен цикулус очекува во Македонија, за корупцијата во земјата, ситуацијата на онкологија…

Можете да прочитате

И амбасадорот во Романија, Жерновски, повикан на консултации во МНР

На Табановце за влез во државата се чека околу еден час

Полицијата веднаш го пронајде – Виктор е најден во Кирамидница