
Без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план. Тоа го порача вечерва американската амбасадорка во државава Анџела Агелер, зборувајќи за македонските евроинтеграции во гостување во „Тема на денот“ на ТВ Сител.
Според Агелер, и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ на никаков начин не треба да бидат закочени напорите што се суштински дел од процесот за потребните реформите.
Како САД, рече Агелер, сме многу јасни дека местото на Северна Македонија е во Европа.
– Кога ги гледаме коридорите 8 и 10, националната безбедност на оваа држава и на регионот, тоа е многу важно и за трансатлантската врска. Затоа внимателно го следиме и сме исто така многу јасни. Погледенете, ова е местото каде е, ЕУ е природниот дом на оваа држава. Тоа што знам е дека оваа Влада води разговори, има чести разговори со земји членки, со лидери во Европската унија, Европската комисија и искрено бара начини како да се оди напред. Дали сите би сакале да видиме напредок и повеќе резултати? Мислам дека да. Но исто така мислам дека е важно да се има предвид дека и покрај разговорите за пристапување и членство во ЕУ тоа не треба на никаков начин да ги закочи напорите кои се потребни, а кои се суштински дел од процесот во однос на реформите, затоа што реформи се потребни и искрено патот е многу јасен. Значи, без разлика дали пристапните преговори почнале или не, јасно е што треба да се направи за да се исполнат критериумите. Патоказот постои и мислам дека сите би сакале да видиме повеќе напредок на тој план, рече Агелер.
Таа дополни дека тоа е многу важно и за гласачите и оти постојано преку своите гласови и пораки кажуваат дека сакаат државата да напредува. И тоа се областите во кои сакаат да видат напредок – економијата, можностите и сите тие работи. Тоа е владеењето на правото и нема причина да не се оди напред во тие области, вели Агелер.
Според неа, политичката криза во Бугарија не треба да го загрози процесот за дијалог затоа што, истакнува, членството на Северна Македонија е во интерс на сите, вклучително и на соседите.
– Јас сум амбасадор на САД во Северна Македонија. Би било несоодветно да зборувам опширно за тоа, но ова треба да биде нешто што не треба да се закочи. И го имаме видено тоа со вашите соседи неколкупати досега. Кога се менувале влади, кога имало избоир. Тоа не треба да го загрози целиот процес и мојата надеже а и искрено уверување дека има луѓе со добра волја од двете страну на границата кои сакат ова да продолжи. Затоа што искрено членството на Северна Македонија е во интерес на сите, вклучително и на соседите и тоа го видовме многу јасно со Грција на пример, сега тие се огромен економски партнер, безбедносен партнер, воен партнер и нема причина тоа да не се случи и со Бугарија. Нашата најголема надеж е дека ќе успеат да најдат начин како да продолжат затоа што повторно тоа е во најдобар интерес. Географијата е јасна, порача Агелер.
Таа не очекува наскоро САД да настапат како посредник меѓу Северна Македонија и Бугарија, но укажува дека има искрена загриженост и интерес и поддржувачки интерес за тоа што се случува во нашата држава.



