Утрински Весник
Свет

Африканската унија доби статус на постојана членка на Г20

Африканската унија доби статус на постојана членка на Г20
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Африканската унија доби статус на постојана членка на Групата 20 на водечките светски економии, објави денеска индискиот премиер Нарендра Моди, што дава дополнителна динамика на неговата аспирација да му даде „посилен глас“ на глобалниот југ, како домаќин на овогодинешниот самит на Г20.

dobivaj vesti na viber

Самитот се одржува во време на растечки глобален јаз и со отсуство на некои клучни играчи.

Имаше широка поддршка за членството на Африканската унија, која се состои од 55 земји, и таа стана вториот регионален блок во Групата 20, по Европската унија.

„Го поканувам претставникот на Африканската унија да го заземе неговото место како постојана членка на Г20“, најави Моди кој му подаде рака на актуелниот претседавач на АУ, претседателот на Коморските Острови, Азали Асумани и го прегрна.

На отворањето на самитот, најмалку една петтина од лидерите на Г-20 не беа во Њу Делхи.

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг одлучија да не доаѓаат, шпанскиот премиер Педро Санчез не можеше да присуствува бидејќи беше позитивен на коронавирус, додека мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор исто така одлучи да го пропушти самитот.

Американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Њу Делхи, а американските власти се обидоа да го минимизираат фактот дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не беше поканет да се обрати на самитот на Г-20, како што правеше досега, виртуелно или лично, на слични меѓународни форуми по нападот на Русија пред повеќе од 18 месеци.

Русија го испрати министерот за надворешни работи Сергеј Лавров на самитот на Г20, додека Турција ја претставува претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Самитот на Г20, кој се состои од Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Франција, Германија, Индија, Индонезија, Италија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција, Велика Британија, САД и претставници на Европската унија, односно на администрацијата во Брисел, се одржува на 9 и 10 септември.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми