Утрински Весник
Свет

Африканската унија ја суспендира Гвинеја-Бисао по државниот удар

W 57165287.jpg

Советот за мир и безбедност на Африканската унија ја усвои резолуцијата со која Гвинеја-Бисао се суспендира од сите активности на Унијата, нејзините тела и институции, сè додека не биде воспоставен уставниот поредок. Во документот е нагласена политиката на „нулта толеранција“ кон неуставни промени на власта.

Војската ја презеде контролата врз земјата на 26 ноември, по претседателските и парламентарните избори на кои и актуелниот претседател Умаро Сисоко Ембало и опозицискиот кандидат Фернандо Дијаз објавија победа. Гвинеја-Бисао, една од најсиромашните земји во светот, со децении се соочува со државни удари и политичка нестабилност.

Поради својата геостратешка позиција, земјата стана клучна транзитна точка за трговија со дрога меѓу Латинска Америка и Европа, што експертите го поврзуваат со честите немири. Западноафриканскиот регионален блок ја суспендираше Гвинеја-Бисао на 27 ноември. По превратот, армијата го постави поранешниот началник на Генералштабот, генерал Хорта Инта, за лидер на воената влада која ќе го надгледува едногодишниот преоден период, објави државната телевизија.

Можете да прочитате

Кошта: Единствен победник од оваа војна е Русија

Сауди Арамко: Ќе има катастрофални последици за пазарот на нафта ако продолжи кризата во Хормуз

„Ќе го нападнеме Иран толку силно што нема да може да се обнови никогаш, ќе има смрт и оган над нив“ – Дали Трамп суптилно се заканува со нуклеарно оружје?