Утрински Весник
Македонија

Џафери се сретна со унгарската претседателка Новак

Џафери се сретна со унгарската претседателка Новак

Претседателот на Собранието Талат Џафери, се сретна со претседателката на Унгарија, Каталин Новак, која е во официјална посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Џафери и посака добредојде на почитуваната Новак при што изрази благодарност и за поддршката што Унгарија ја дава во насока на интеграцијата на нашата земја во Европската Унија. Во контекст на билатералните односи помеѓу двете земји, истакна дека тие се добри, но дека има простор за повеќе инвестиции и економска соработка. Во продолжение, ја информираше гостинката дека во Република Северна Македонија актуелно се одвива процесот на скрининг, а наесен се очекува да се продолжи со процесот на пристапните преговори а во меѓувреме, треба да се пристапи кон уставните измени кои се неопходни за понатамошниот тек на процесот. Потврди дека и во Собранието се прават напори да се најде потребното мнозинство за тие измени.

Претседателката Новак од своја страна, ги пофали напорите на нашата земја за регионална соработка и интеграција на земјата во Европската Унија при што истакна дека Република Северна Македонија секогаш може да смета на пријателската поддршка на Унгарија. Што се однесува на војната во Украина , таа истакна дека Унгарија ја осудува агресијата на Русија но, кога се зборува за санкциите, поради нејзината специфична ситуација, мора да ги земе предвид своите национални интереси. Затоа, Унгарија се залага за прекин на војната и решавање на конфликтот по пат на преговори.

Во врска со прашањето на емиграцијата, двајцата соговорници го потенцираа заедничкото залагање и борба против илегалната емиграција. Претседателот Џафери рече дека интеграцијата на нашата земја и целиот регион во Европската Унија, ќе придонесе во подигнување на животниот стандард и следствено, ќе го намали притисокот за иселување.

На крајот на средбата, двајцата соговорници се заложија за интензивирање на соработката а претседателот Џафери, и посака убав и успешен престој на претседателката Новак во Република Северна Македонија.

Можете да прочитате

Историски најдобар оперативен план – Практикантство за 1.352 млади лица до 29 години и младински додаток од 3.000 денари месечно за лица до 23 години

Годишниот извештај за работата на Судскиот совет за ланската година на 51. седница на Собранието

Специјална Стериина награда за колективна актерска игра за ансамблот на претставата „Народен пратеник“