Утрински Весник
Македонија

Џафери се сретна со делегација од Косово

Џафери се сретна со делегација од Косово

Претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со членовите на делегацијата на Комисијата за надворешни работи и дијаспора на Косово, со Хаки Абази, Илза Хоти, Фиторе Пацоли и Тиме Кадријај, кои престојуваат во еднодневна посета на Македонија.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Џафери нагласи дека оваа посета претставува дополнително унапредување на конструктивната билатерална соработка меѓу Собранието на Македонија и Собранието на Косово. Го поздрави формирањето на Групата за пријателство во косовското Собрание и изрази надеж дека групите за соработка во двата законодавни дома, како и комисиите ќе ја интензивираат меѓусебната соработка. Тој нагласи дека двете држави споделуваат исти стратешки определби и цели во однос на надворешната политика и Македонија принципиелно ги подржува евро-атланските аспирации на Косово и во континуитет искажува подготвеност за пренесување на стекнатите знаења и искуства, како на патот кон ЕУ, така и во однос на аспирациите за интегрирање во НАТО-алијансата. Џафери ја повтори и силната поддршка за визната либерализација за граѓаните на Косово со ЕУ, како и поддршката за членството на Косово во меѓународните организации и иницијативи, меѓу кои и во Советот на Европа. Исто така, истакна дека Македонија ги поддржува напорите за решавање на прашањата меѓу Приштина – Белград како важен придонес за стабилен регион.

Претседателот на Комисијата, Хаки Абази, изразувајќи задоволство од добрите билатерални односи, нагласи дека постои простор за унапредување, со оглед дека двете земји имаат исти надворешнополитички приоритети, членството во евро-атланските структури. Тој истакна дека Косово е определена за добри односи со сите соседи, вклучително и Србија, на рамноправна основа и нагласи дека регионот има историска можност за градење мир во кој нема простор за конфликти. Абази ја нагласи и заложбата на неговата земја кон Берлинскиот процес како начин на забрзување на патот кон ЕУ и изрази благодарност за поддршката од Македонија за зачленување на Косово во меѓународните организации.

Двајцата соговорници се согласија дека треба да се направат повеќе напори за олеснување на движењето меѓу двете земји и во таа насока за забрзување на работите околу изградбата на автопатот од македонска страна до граничниот премин Блаце.

Можете да прочитате

Николовски: Царинската управа ги затегна чешмите, се оди во Буџетот, рекордна наплата на приходите 

СДСМ: Орекстриран страв за бегање од одговорност- кукавички обид на ДПМНЕ за префрлање вина врз СДСМ

Врнежи од снег во неколку градови и на планините, забрана за тешки возила на Стража и на патот Маврово -Дебар