Утрински Весник
Македонија

Џафери приреди ифтарска вечера по повод светиот месец Рамазан

Fb Img 1709153558775
300x250 (7)

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, по повод светиот месец Рамазан, приреди Ифтарска вечера на која беа поканети и присуствуваа претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска, поранешниот претседател на Владата, Димитар Ковачевски, актуелните членови на Владата, претставниците од верските заедници во земјава, претставници од судството, академската јавност и други гости.

Во своето поздравно обраќање пред присутните гости, премиерот Џафери посочи дека  Ифтарската вечера, како традиција за време на светиот месец Рамазан, е начин за собирање на блиското и далечно семејство, на пријателите, соработниците. Рамазан, иако е месец во кој верниците од исламската вероисповед постат, во исто време, ги хранат душата и мислите со позитивни мисли, со взаемна почит и разбирање, со чувство на солидарност и сочувство за секое човечко битие.

Ss1

При тоа, ифтарските вечери се можност и за потсетување на основните вредности на взаемна почит, упатување на желби за добро здравје, благосостојба и успех.

„Семејството е главниот столб, околу кое се одвива целиот наш живот и кое е најзначајната поддршка и поттик за да можеме да ги вршиме нашите секојдневни задачи и одговорности со највисоката посветеност и внимание.Само тогаш кога имаме мир во семејството, имаме спокој и во умот, и можеме да рефлектираме спокој и во работата и во државата. Апелирам до сите, да бидеме подобри луѓе од тоа што сме, да правиме корисни дела за луѓето во потреба, затоа што само тогаш ќе бидеме вистински среќни, кога сите околу нас ќе ја споделуваат среќата со нас”, порача претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери.

Ss1

Можете да прочитате

УЖИВАЈТЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ДО ВТОРНИК: Од среда дестабилизирање на Атмосферата и локални врнежи, грмежи и засилен ветер

Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај

ВМРО ДПМНЕ: Масовна излезност на 8ми мај и поддршка за ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможат враќање на Македонија на народот