Утрински Весник
Македонија

Џафери: Не може да има два опозициски субјекти во техничката влада 

Talat dzaferi sobranie.jpg

Во техничката влада не може да има два опозициски субјекти, образложи премиерот Талат Џафери од собраниската говорница по предлогот за разрешување на министрите за здравство и за информатичко општество и администрација, Фатмир Меџити и Азир Алиу од редовите на Алијанса за Албанците. Побараното разрешување на двајцата министри, како што појасни Џафери, не се однесува поради нивните професионални квалификации. -Основата за разрешување се однесува на законската должност за состав на влада според Законот за Владата. Во основите на Договорот од Пржино, учесници во Владата освен мнозинството се и припадници на најголемата опозиција во Собранието. Министрите чие разрешување се предложува, по објава на претседателот на Алијанса за Албанците на Фејсбук дека од тој момент ќе дејствуваат како опозиција и ќе ја поддржат опозицијата, се изјаснија дека стојат зад декларацијата на претседателот. Законот вели дека не може да има два опозициски субјекти во состав на Владата и тоа е основната причина за што се предлага ова разрешување, појасни Џафери образложувајќи го предлогот за разрешување на Меџити и Алиу. Последниот збор по предлогот за разрешување ќе го кажат пратениците во Собранието.

Можете да прочитате

Левица: Одбиен амандманот за прогласување на Огражден за заштитно подрачје

ВМРО-ДПМНЕ: Бугарија има јасна агенда за бришење на јазикот и идентитетот, СДС знаеше за ова и го дозволи

Министерството за култура и туризам формира работна група за унапредување на дејноста на туристичките водичи во Македонија