Утрински Весник
Македонија

Џафери е против предизборното рекламирање на партиите да се плаќа со државни пари

D19fd0b0d184d0b5d180d0b8 D0b3d0be D187d0b5d181d182d0b8d182d0b0 D0bfd180d0b0d0b7d0bdd0b8d0bad0bed182 D0b1d0bed0b3d0bed198d0b0d0b2d0bb 63ca6e628ccfd.png

Техничкиот премиер Талат Џафери вели дека е против предизборното рекламирање на политичките партии да се прави со средства од државниот Буџет. Тој ова го изјави одговарајќи на новинарско прашање дали смета оти партиите треба да се откажат од рекламирањето со државни пари со оглед на тоа што ваквите измени сè уште не се усвоени во Изборниот законик.

„Во 2019 г. имаше измени на Законот за АВМУ, фамозниот член 102. Кога се изјаснив тогаш дека сум против тоа, медиумите, особено петте национални телевизии, ме обвинуваа дека работам против нив. Операторите исто така обвинуваа дека работам против нив. Мојот став е дека не треба да има буџетски пари за реклами во смисла на предизборитето. Но, ќе одите во вашите (медиумски) куќи и ќе прашате зошто инсистираат токму на тој закон. Јас пак ќе бидам обвинет, но мојот став е дека не треба буџетски пари да има за таа работа“, изјави Џафери одговарајќи на новинарски прашања.

Спротивно на ставот на Џафери, вицепремиерот и министер од редовите на ДУИ, Артан Груби, не мисли дека политичките партии треба да се откажат од предизборното рекламирање финансирано од државниот буџет. Образложувајќи го ваквиот став во синоќешното издание на „360 степени“, Груби изјави дека процесот е „јавен и транспарентен“. 

Можете да прочитате

Ана Котевска освои златна медала на интеранационалната Олимпијада по германски јазик

Влен почнува со формирање на Академија на Албанците за Наука и Уметност

ВМРО ДПМНЕ: Кога следен пат од СДС ќе зборат за наводни криминалци прво нека си заметат во својот двор