Утрински Весник
Македонија

Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ

Џафери ја отфрли иницијативата за референдум на ВМРО-ДПМНЕ
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој денеска ја прими граѓанската иницијативата за распишување задолжителен референдум на државно ниво за престанок на важењето на Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во „Службен весник“ бр. 12/2018 од 18.1.2018 година), достави одговор до овластениот предлагач Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

Џафери ја отфрли иницијативата со образложение дека таа е спротивна на Уставот.

„Во согласност со член 60, став 1, алинеја 5 од Деловникот на Собранието на Република Македонија, Ве известувам дека граѓанската иницијатива за распишување задолжителен референдум на државно ниво за престанок на важењето на Законот за ратификација на договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија (објавен во ‘Службен весник’ бр. 12/2018 од 18.1.2018 година) не е во согласност со член 118 од Уставот на Република Северна Македонија, како и со членот 8, став 1, алинеја 11 од Уставот на Република Северна Македонија.

Имено, во член 118 од Уставот на Република Северна Македонија утврдено е дека меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон. Во член 8, став 1, алинеја 11 од Уставот утврдено е дека темелна вредност на уставниот поредок на Република Северна Македонија е и почитувањето на општоприфатените норми на меѓународното право.

Поради горенаведеното, доставената граѓанска иницијатива не е прашање по кое може да се распише референдум на државно ниво“, се вели во одговорот на Џафери.

Можете да прочитате

Алармантно: Млади на 9 години пушат цигари, а пијат алкохол на 13 години

Уапсен скопјанец баран со потерница

Фрчковски : Програма 300 дел од новата сила на СДСМ