Работникот на аеродромот во Сан Антонио, Тексас, почина откога минатата недела бил вшмукан во моторот на авион на „Делта eрлајнс“.
Несреќата се случила додека авионот, кој штотуку пристигнал од Лос Анџелес, се движел кон терминалот за пристигнување, соопшти американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот.
НТСБ тврди дека работникот бил вшмукан од запален мотор на авионот на „Делта ерлајнс“. Подоцна беше објавено дека работникот, всушност, извршил самоубиство. Тој беше вработен во фирма што обезбедува услуги за „Делта“ и за други авиокомпании.
„Длабоко сме тажни поради овој инцидент. Нашата прелиминарна истрага покажа дека смртта на работникот не е поврзана со нашите оперативни процеси, безбедносни процедури и политики“, соопшти „Унифи авијација“.