Утрински Весник
Македонија

Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште

Аеродром доби ново мултифункционално,  спортско и детско игралиште

Општина Аеродром доби ново мултифункционално, спортско и детско игралиште лоцирано на булеварот ,,Февруарски поход”. Игралиштето кое веќе е атрактивна локација за жителите на овој дел од општината е направено со поддршка од компанијата ,,Рагуза Груп” во чест на нејзиниот основач и прв сопственик, Мирослав Голомеиќ – Мирко 919. Компанијата „Рагуза Груп“ е пример за општествена одговорност која преку инвестициите и соработката со локалната самоуправа придонесува за подобрување на животот на граѓаните на Аеродром.

dobivaj vesti na viber

Со новоизграденото игралиште, дечињата и младите од „Тодор Чангов“, „Февруарски поход“ и околината добија ново катче за забава, дружење и спортување, изведено согласно сите стандарди за објекти од ваков вид. Целото игралиште е оградено, а пристапот се наоѓа од внатрешната страна, со што е целосно безбедно за користење.

„Аеродром е урбана и спортска општина. Работиме на обезбедување на целосно нова инфрастуктура во делот на спортот и рекреацијата. Со големиот број на тековни инвестиции и проекти вложуваме во здравиот живот и во развојот на младите жители на општината“, истакна градоначалникот Муцунски.

Општината Аеродром до крајот на годината ќе реализира уште неколку спортско рекреативни објекти и ќе продолжи со работа за обезбедување услови за забава и рекреација на најмладите во сите делови од општината.

Можете да прочитате

Ново рочиште за пожарот во „Пулс“, продолжува сослушувањето на сведоци предложени од Обвинителство

Претежно облачно со слаб локален дожд

Пола Скопје без стрија – 24info.mk