Утрински Весник
Македонија

Адвокатот на Кешишев: Тој бил жртва за искористување, Палчо не му дозволувал ни дома да си оди

Advokat Na Kesisev.jpg

Игор Ефремов, адвокат на обвинетот Влатко Кешишев тврди дека неговиот клиент не учествувал во никакво грабнување, а уште помалку во убиства.

Згора на тоа Кешишев бил во ситуација на пониженост во однос на останатите обвинети, немал право на мислење или заклучок.


-Во периодот помеѓу двете грабнувања посакал да оди во Штип кај семејството, но му било забрането од страна на Палевски, а имал понуда да оди во Хрватска на работа, но и тоа Палчо не му го дозволил, објасни адвокатот.

Според Ефремов, Кешишев е еден вид на заложник на дел од обвинетите и жртва за искористување на нивните потреби.

-Се докажа дека постапувал по волја на друг и на начин како што му било наредувано. Не ги пријавил бидејќи му било страв и бил во шок и не можел да излегува од канцелариите, рече адвокатот.

Можете да прочитате

Притвор побаран за 19-годишник, со малолетниот брат избоделе дете и возрасен во Чаир

Граѓански организации бараат итно разрешување на директорот на АОПЗ, Далибор Китановиќ

Градоначалник и раководител заработија кривична – спорни одобренија за фотонапонски панели