Утрински Весник
Македонија

Адвокатот Митровски: ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за амнестија на осудените за 27 април

Адвокатот Митровски: ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за амнестија  на осудените за 27 април
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за предлог закон за амнестија за настаните од 27 Април и ќе го поднесе предлог законот во Собрание, истакнува Јанаки Митровски во неговиот статус на социјалните мрежи.

dobivaj vesti na viber

„Првичниот наш текст е подобрен, во консултација со нас е тргната одредбата од 50% и се оди на целосно ослободување од казна.
Текстот е подобрен од страна на пратениците и со тоа што се остава можност секој амнестиран да се жали дека не прифаќа амнестија доколку е тоа негова желба со оглед на фактот дека еден до осудените јавно прокламираше дека не сака амнестија што мора да се почитува.
Јас и Пешевски апелираме до сите политички партии да го поддржат Законското решение кое НЕ навлегува во правото на осудените да си ја продолжат постапката пред Врховниот суд а воедно и не е дека лежат месец, два три туку шеста година се во затвор додека оние со употребна вредност не само што се на слобода туку се и дополнително наградени! Доста е!“, потенцира Митровски во напишаното.

Инаку адвокатскиот тим Јанаки Митровски и адвокатската канцеларија Пешевски и Тимовски поднесе иницијатива за предлог Закон за амнестија на осудените за настаните од 27 Април со пратеничките групи.

Дел од пратениците беа со став, првин да ја видат иницијативата за новиот Закон за амнестија за осудените од собраниските настани на 27 април, а потоа ќе го кажат и ставот.

Можете да прочитате

Оружје и муниција најдени кај грчки државјанин

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани

(Видео) Педијатар Атанасова: Здрава исхрана и витамини помагаат во борбата против последиците од загадувањето