Утрински Весник
Свет

Администрацијата на Трамп започна со апсења на имигранти во Чикаго

20240821070005 big 730x400 66.webp.webp

Владата на САД вчера објави операција за спроведување на имиграцијата во Чикаго, интензивирајќи го својот судир со демократските лидери во американската држава Илиноис.

Одделот за внатрешна безбедност (ДХС) на „Икс“ напиша дека „Операцијата Мидвеј Блиц“ ќе биде насочена кон „криминални нелегални странци“. Не даде детали за тоа како ќе се спроведуваат рациите.


Градоначалникот на Чикаго, демократот Брендон Џонсон, напиша на „Икс“ дека градот не бил однапред информиран.

-Ние остануваме против спроведување на каква било потенцијална милитаризирана имиграција без соодветна постапка поради резултатите на ICE (Имиграциската и царинска контрола) за приведување и депортирање на американски граѓани и кршење на човековите права на стотици притвореници – рече Џонсон.

Агенцијата е позната по рациите во кои се вклучени маскирани агенти и е критикувана од групите за човекови права поради своите тактики.

Гувернерот на Илиноис, демократот Џ.Б. Прицкер, го обвини американскиот претседател Доналд Трамп дека презема дејствија што не се насочени кон борба против криминалот.

– Наместо да преземе чекори за да соработува со нас во врска со јавната безбедност, администрацијата на Трамп се фокусираше на заплашување на жителите на Илиноис – рече тој на „Икс“.

Трамп ги разгоре тензиите во последните денови со борбена реторика и фотографии. Во текот на викендот, тој сподели фотографија генерирана од вештачка интелигенција на неговата платформа „Трутх соушл“ (Truth Social), прикажувајќи го Чикаго во стил што потсетува на воениот филм „Апокалипса сега“.

Фотографијата ја содржеше реченицата „Чикаго е на пат да открие зошто се вика Оддел за ВОЈНА“, покрај натписот „Го обожавам мирисот на депортации наутро“, повторувајќи го познатиот филмски цитат за напалм.

Можете да прочитате

Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност

Кац: Газа ќе биде срамнета со земја доколку Хамас не се предаде и не ги ослободи заложниците

Француската опозицијата го собори премиерот, целта е Макрон