Утрински Весник
Свет

Администрацијата на Трамп очекувала иранска одмазда, велат од Белата куќа

Bela kuka.webp.webp

Висок функционер на Белата куќа изјави за Си-Ен-Ен дека администрацијата на Трамп очекувала Техеран да возврати по американските напади врз нуклеарните постројки на Иран во текот на викендот, но дека претседателот Трамп не сака понатамошна воена ескалација во регионот.

„Знаевме дека ќе возвратат. Тие реагираа слично по убиството на Солејмани“, рече функционерот, осврнувајќи се на иранскиот генерал Касем Солејмани, кој беше убиен од Американците во воздушен напад во 2020 година.


Според првичните проценки, ракетите испукани од Иран не ги погодиле своите цели. Министерството за одбрана на Катар објави дека неговите ПВО пресретнале ирански ракетен напад врз американската база во таа земја.

Истиот функционер рече дека претседателот Трамп е подготвен да го зголеми американското воено присуство доколку е потребно. Трамп закажа состанок со претставници за национална безбедност за денеска попладне и не е исклучено дека би можел да го промени својот став, наведува медиумот.

Можете да прочитате

Мери Трамп алармира за можни знаци на Алцхајмер кај Доналд Трамп

Рејтингот на Трамп паѓа по смртта на мигранти во Минесота

Руски дрон нападна патнички воз во Харков