Утрински Весник
Македонија

Адеми: Оваа земја им припаѓа на сите

Ademi.jpg

Арбер Адеми висок функционер на ДУИ со реакција на социјалните мрежи по вербалниот напад на премиерот Мицковски упатен до Бујар Османи вчера. На заканувачката изјава на Мицковски дека „ Бујар ни заби нож во плуќата со потпишување на францускиот предлог,нема никогаш да му заборавиме“,

Експресно реагираше прозваниот Османи кој врати дека „Оваа земја е и моја“ и му напиша на премиерот да не создава тензии на меѓуетнички и религиски план со давањето на вакви неодмерени изјави.


Во одбрана на Османи утрово се јави неговата партија ДУИ и неговиот сопартиец Адеми.

Arbër Ademi : Не сум навикнат да реагирам на секоја политичка изјава, но овој пат, треба.

Кога премиерот зборува на ваков јазик со нокти, клевети, верска алузија тоа не е само политичка дебата. Тоа е намерна ескалација на тензија.

И многу е опасно.

Нема ништо храбро во тоа што го правите. Постои само страв, страв од неуспех, страв од вистината, страв од иднината. Кога не можеш да се соочиш со реалноста, почнуваш да го измислуваш “непријателот И како и секогаш непријателот мора да биде Албанец.

Албанец сум, дел сум од оваа држава и немам намера да молчам. Не сме сами и нема да бидеме замолчени.

Оваа земја не им припаѓа ниту на оние што пцујат, ниту на оние што делат. Ова место припаѓа на сите.

И нема да дозволиме никој да ни го земе.

Можете да прочитате

Наместо да одат на шалтер граѓаните ќе можат од својот дом да симнат и испечатат документи

Успешно изведени две трансплантации на коска од починат донор на Клиниката за ортопедски болести

Исчезнат е Владимир Бурев (36) од Штип