Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

АД ЕСМ затвора дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“

20221123214925.jpg
300x250 opst2

Откако ја раскина концесијата поради немање економски интерес, АД ЕСМ почна со затворање на дел од рудникот за јаглен во ТЕЦ „Осломеј“, поради исцрпување на резервите.

– Земјиштето од овој сегмент од рудникот во наредниот период ќе биде предмет на рекултивација, со можност за изградба на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори. Со донесувањето на оваа одлука и со раскинувањето на договорот, АД ЕСМ ќе избегне дополнителни финансиски трошоци, кои произлегуваат од активната концесија без ресурси за експлоатација – велат од АД ЕСМ.


За работа на РЕК „Битола“ и на ТЕЦ „Осломеј“, се бараат над еден милион тони јаглен преку два отворени повика – за РЕК „Битола“ се бараат 730 илјади тони, за ТЕЦ „Осломеј“ 400 илјади тони.

Домашните рудници не можат да ги задоволат потребите од јаглен за производство на струја.

Инаку, викендов во Охрид експерти од земјава и од регионот дискутираа за иднината на рударската индустрија, со фокус на науката, иновациите и на одржливоста.

Горан Сарафимов, претседател на Здружението за рударство, истакна дека рударството е клучен дел од економската и од технолошката трансформација на земјата, со акцент на преминот кон модерно, дигитално и зелено рударство. Тој посочи дека во последните две-три години се забележуваат конкретни напори преку поддршка за дигитализација, кредитни линии и проекти финансирани од меѓународни фондови, кои водат кон воведување современи технологии како дигитално следење на опремата и автоматизирани системи за управување.

Присутните имаа можност да слушнат и презентации на научни трудови, вклучувајќи иновации како дигитализација на рударските процеси, геоморфолошки анализи и примена на биосензори за мониторинг на здравјето на рударите, што придонесува за модернизација и за подобрување на безбедноста во индустријата, а на настанот беа доделени признанија за достигнувањата во 2025 година.

Можете да прочитате

Фамилијарни листи за советници на ЗНАМ: На листата во Струга цели фамилии со се братучеди и баџанаци 

Филипче: Апстиненција е награда за ДПМНЕ, повикувам на мобилизација на локалните избори

Нова еколошка катастрофа во Крива Река по хаварија во рудникот Тораница