Утрински Весник
Балкан

Јабланица: Штетите од поплавите и одроните се проценуваат на околу 25 милиони евра

20241005111657 Big 730x400 97.webp.webp

Прелиминарната проценка на штетите од катастрофалните поплави и одрони изнесува речиси 50 милиони КМ (околу 25 милиони евра), изјави градоначалникот на општина Јабланица, Дамир Шабановиќ.

Тој рече дека се оштетени околу 200 објекти, од кои вкупно 49, а оштетени се и земјоделски површини, стопански и јавни објекти.

„Се уште работиме на расчистување на патиштата, воспоставување нормална комуникација и решавање на проблемите со снабдувањето со вода и електрична енергија“, рече Шабановиќ и им се заблагодари на сите што помогнаа на Јабланица и другите погодени подрачја.

Министерот за енергетика, рударство и индустрија на Федерацијата на Босна и Херцеговина, Ведран Лакиќ, за време на посетата на Јабланица рече дека федералната влада од почетокот е на терен и ќе продолжи да помага се додека не бидат згрижени сите погодени од таа катастрофа. 

Можете да прочитате

Дете од Унгарија падна од видиковец на замокот Блед

Падна хеликоптер што гасел пожар во Грција – спасени двајцата членови на екипажот

Три лица мртви во студентски дом во Бугарија