Утрински Весник
Спорт

АБА2 лига: МЗТ поразен од Златибор по продолжение

20240322175610 Big 730x400 73.webp.webp
Ss2

Кошаркарите на МЗТ Скопје доживеаја пораз од тимот на Златибор Чајетина со 85:90 по едно продолжение во дуел од 12. коло од АБА 2 лигата.

Денешниот пораз значи и дека тимот од Аеродром нема шанса да заврши на едно од првите две места пред разигрувањето.

300x250 (7)

Аеродромци ќе жалат за пропуштената шанса со оглед што имаа водство во поголемиот дел од средбата, а во неколку наврати тоа беше и со двоцифрена позитива

Најефикасен во редовите на МЗТ Скопје беше Џон Гилон со 25 поени, Харис Делалиќ додаде уште 21, додека кај Златибор прво име беше Брано Ѓукановиќ со дури 33 постигнати поени.

Македонскиот шампион сега има 8 победи и четири порази и најмногу што може е да дојде е до третата позиција пред плејофот.

Сино-белите последниот дуел ќе го одиграат во недела против Широки од 18 часот.

Ss1

Можете да прочитате

Ливерпул и Феенорд се договорија, Слот е новиот тренер на „Енфилд“

Слот на „Енфилд“ ќе си донесе и играчи од Феенорд

Лазаров објави поширок списпок за двомечот со Ф. Острови и го засили стручниот штаб со Стоилов