Утрински Весник
Македонија

АА со свои кандидати на локалните избори – Таравари го отфрли ултиматумот од Вреди

Img 7212.jpeg

Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, вечерва по состанокот на Централното претседателство и раководствата на ограноците на партијата, соопшти дека донеле едногласна одлука на претстојните локални избори да настапат самостојно, со свои кандидати и листи за градоначалници.

Одлуката е донесена поради тоа што, според Таравари, предлогот на останатите лидери во коалицијата Вреди, кандидатите за градоначалници да ги избираат партиските лидери, а не врз основа на сондажи и анкети меѓу граѓаните – како што предлагала АА – бил целосно неприфатлив.


„И ултиматумот кој ни го поставија од Вреди, да одговориме до денеска, исто како и предлогот лидерите сами да ги изберат кандидатите, за нас не е прифатлив и го отфрламе“, изјави Таравари.

На новинарско прашање дали ова значи крај на коалицијата Вреди, Таравари не даде конкретен одговор. Остана нејасно дали АА останува дел од коалицијата или ќе настапи целосно самостојно и на парламентарно ниво.

Можете да прочитате

Речиси два пати помалку бебиња во 2024 отколку пред шест децении, стапката на фертилитет во ЕУ 1,34, во Македонија 1,44 

ТИТАН Усје: Продолжувањето на А-интегрираната еколошка дозвола се одвива согласно законот и во соработка со надлежните институции

Андоновски одржа средба со АВМУ и претставници на инфлуенсерите