Утрински Весник
Магазин

Ајрленд Болдвин го изостави тато Алек од посветата за семејството

Ајрленд Болдвин го изостави тато Алек од посветата за семејството
Ss2

Ќерката на поранешниот холивудски пар Алек Болдвин и Ким Бесинџер не го спомна татка си во искажувањето благодарност кон семејството.

dobivaj vesti na viber

Во објава на социјалните мрежи Ајрленд (27) искажа пофални зборови за родителите на својот партнер и за мајка си додавајќи дека придонеле во подобрување на нејзиното ментално здравје, но не го спомна 65-годишниот актер.

300x250 (7)

Манекенката се огласи на „Инстаграм“ неколку недели откако тој заборави да ја вклучи во оддавањето почит кон неговата фамилија.

Во објавата Ајрленд открива дека се борела со зголемена анксиозност во текот на неодамнешната бременост: „Секоја мисла во мојата глава се однесуваше на тоа дека правам нешто погрешно, дека можам да го повредам бебето или себеси“, Таа додаде дека била оптоварена со безброј хорор-приказни за бременост.

Но, сега се чувствува смирено по раѓањето на ќерката претходно овој месец. „Не можам да им бидам поблагодарна на родителите на мојот партнер и на мајка ми, која често ме посетуваше“, напиша таа, без да го спомне Алек.

На 4 мај Алек објави на „Инстаграм“ слајд-шоу од неговите седум деца со сопругата Хиларија Болдвин (39). Во описот напиша: „Седум причини да продолжам во овие тешки времиња. Нема да лажам, без моето семејство, не знам каков би бил мојот живот“.

Ss1

Можете да прочитате

Научниците открија како да престанете да чувствувате лутина во стресни ситуации

Климатолог на НАСА предупредува дека последиците од температурната аномалија ќе ги почувствуваме веќе во август

Ѓумбирот и јаболковиот оцет ги елиминираат стомачните проблеми