Ешли Грем е најсексапилната жена на светот во 2023 година според магазинот „Максим“.
„Максим“ традиционално ја објавува својата годишна листа Hot-100 најуспешни и најубави жени во индустријата за забава, спорт и поп култура. Годинава, на врвот ја ставија Ешли Греам, едно од најпознатите имиња во движењето плус сајз.
Како една од причините зошто плус сајз моделот се најде на врвот на листата Hot 100, како што наведуваат од магазинот, е дека таа е претставник на движење кое ги потсетува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.
35-годишната манекенка неодамна беше предмет на контроверзии по церемонијата на доделување „Оскари“ за нејзиното незгодно интервју со Хју Грант. Таа го интервјуираше нерасположениот актер на црвениот тепих, а тој не се обиде да скрие колку не му се допаѓа тој разговор. „Знаете што, мајка ми ми рече да ги убивам луѓето со љубезност, па ете,“ искоментира Греам за „ТМЗ“ за интервјуто кое налути многу гледачи и корисници на социјалните мрежи, кои сметаа дека актерот бил груб кон неа.
Која е Ешли Греам? Убавицата која беше откриена на 12-годишна возраст во трговски центар има многу успешна кариера. Таа соработува со светски познати брендови, повеќе од 20 милиони луѓе ја следат на „Инстаграм“, а многу жени низ светот наоѓаат инспирација во неа бидејќи нејзините облини го сменија начинот на кој се гледа женското тело.
Таа често споделува природни фотографии без никакво разубавување или филтри за да ја истакне природната убавина и гордо ги покажува своите стрии и целулит. Ешли напиша и инспиративна книга „Како навистина изгледаат самодовербата, убавината и моќта“.
Влезе во историјата како првиот модел со облини што се појавил на насловните страници на „Вог“ и „Спортс илустрејтед“. Потоа, нејзината кариера напредуваше и таа продолжи да позира за најпознатите модни списанија „Вог“ „Ел“ и „Харпер“с базар“, а настапуваше на ревии за Мајкл Корс, „Долче и Габана“, „Ејч енд ем“ и други.
Во една прилика го откри својот рецепт за успех: „Кога престанав да се споредувам со другите жени и да се натпреварувам со нив, тогаш почнав да се фокусирам на она што го работам и на мојата кариера. И – бум. Почнав да се надминувам себеси. Кариерата напредуваше, можев да добијам сè што сакав“, рече таа.
Позираше гола откако роди близнаци – го привлече вниманието и во 2021 година кога роди близнаци и гордо позираше гола и објави природна фотографија без филтри. “Еј, ново стомаче. Поминавме низ многу нешта заедно. Ти благодарам,” напиша таа во описот на објавата.