Утрински Весник
Македонија

Aмбасадата на САД донира опрема од 460.000 долари за МВР

Aмбасадата на САД донира опрема од 460.000 долари за МВР

Aмбасадата на САД донира 460.000 долари за Министерството за внатрешни работи. Донацијата се состои од медицинска опрема и опрема за лична заштита и компјутерска опрема наменета за Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика

„Денешната вредна донација, за која упатувам искрена благодарност до амбасадата на САД во нашата земја и до Владата на САД, е уште еден доказ за нашето цврсто партнерство со Владата на САД, со нејзините институции, коишто сиве овие години на нашата самостојност ни ја даваат својата максимална поддршка и помош во реформските зафати и во осовременување на капацитетите на Министерството, но и показател за заедништвото во остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – наше целосно евроатлантско интегрирање и уште една потврда за заедничките вредности што ги споделуваме“, истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на свеченото примопредавање на донацијата во Полицискиот центар „Ѓорче Петров“.

Донацијата се состои од два сегмента, и тоа медицинска опрема и опрема за лична заштита за припадниците на Единицата за брзо распоредување при МВР, вредна околу 250.000 долари, и опрема наменета за Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, во вредност од над 200.000 долари.

„Станува збор материјални средства, за хардвер и за софтвер, што уште повеќе ќе ги подигнат стандардите во работењето на овие две полициски организациони единици и дополнително ќе нѐ придвижат до посакуваната цел, а тоа е градење и етаблирање на кредибилна, технички и кадровски модерна и динамична полиција, којашто ќе биде подготвена да се соочи со каква и да е задача поставена пред неа“, рече Спасовски.

Амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз, посочи дека Република Северна Македонија продолжува да биде извонреден партнер во борбата против тероризмот.

Според неа, донираната компјутерска опрема ќе помогне во подобрување на процесирање и анализа на дигитални докази, додека донираната медицинска опрема ќе биде од полза на полициските службеници на терен, во фронталните линии, во подобрување на подготвеноста да одговорат на случаи на траума и спасување животи.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства 

Трајчулески: Тоа што Мицкоски е разочаран од Конгресот е добра вест за СДСМ

Колку реални се попустите за „Black Friday“: Маркетинг стратегија или вистински заштеди?