Утрински Весник
Економија

Aкцијата на „КАМ“ била добронамерна и насочена кон лојалните потрошувачи

Aкцијата на „КАМ“ била добронамерна и насочена кон лојалните потрошувачи

„Акцијата на „КАМ маркет“, во која се подаруваше масло за секоја сметка од 800 денари, во овие кризни времиња беше осмислена со добра намера и единствено со фокус на нашите лојални потрошувачи. Вакви промоции се редовна пракса во сите бранши во трговија на мало и услужни дејности, во нашата земја, во регионот и во целиот свет“, велат од таму.

Појаснуваат дека одлуката да се подари целото количество во вредност од 55.000 евра, по принцип на таканаречено условено купување, била донесена од две причини: „да се овозможи рамномерна достапност на овој дефицитарен производ, односно да се избегне купување големи количества од страна на помал број лица и истовремено да им се даде подарок на редовните потрошувачи како благодарност за нивната лојалност“ е нагласено во писмената информација.

„Сакаме уште еднаш да потенцираме дека во времето на реализацијата на акцијата, на рафтовите во маркетите на „КАМ“ беше достапно маслото „Брилијант“ од 1 и 5 литри. Поради големата побарувачка, количините поставени на рафтовите се трошат брзо, во некои маркети побрзо отколку во другите, и можно е да помине кратко време додека тој недостиг се надополни. Во никој случај не станува збор за намерно отстранување на маслото од рафтовите“, истакнуваат во соопштението.

Можете да прочитате

Во август најзастапени потрошувачките и станбените кредити, пад кај автомобилските кредити

СДСМ: Грозјето скапува на нивите – лозарите се повторно изневерени

Пад на продажбата на становите – најкапиот продаден стан е во Центар за 260.000 евра