Утрински Весник
Сцена

Aвторoт на познатиот хит „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус

Aвторoт на познатиот хит „I Love Rock’n’Roll“ почина од коронавирус

 

Вашингтон, 30 март 2020 (/) – Алан Мерил, автор на хитот „I Love Rock’n’Roll“ почина на 69- годишна возраст во Њујорк, откако се заразил од коронавирусна инфекција Ковид-19, соопшти денеска неговата ќерка Лора Мерил.

Според неа, татко и пред две недели и јавил дека заболел од настинка. Во разговорите со ќерка му тој укажувал дека не е сериозно и дека е обична настинка. Алан Мерил починал вчера претпладне.

-Коронавирусот го однесе татко ми ова утро. Ми дадоа само две минути да се збогувам пред да ме изнесат, напиша Лора на Фејсбук.

Во својот пост таа напиша дека не можела да присуствува на неговиот погреб поради тоа што мора да помине карантин од две недели. Ги повика сите да бидат сериозни со пандемијата на коронавирус и да останат дома.

Алан Мерил беше познат како вокалист и бас-гитарист на британската поп-рок група Arrows. Песната „I Love Rock’n’Roll“ групата ја сними во 1975 година, а била напишана од Мерил и гитаристот Џејк Хукер.

Песната беше препеана од повеќе познати изведувачи. Најпознатиот препев е снимен во 1982 година во исполнување на пеачката Џоан Џет, по што пасната стана светски хит. кб/сд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли донираа 200.000 долари за жените староседелки во Канада

Доктор Дре се разведува по 24 години брак

Риз Видерспун поласкана од споредбата со помлада пејачка