Утрински Весник
Свет

Aвстрија: Наставниците позитивни на ковид а без симптоми, ќе држат предавања

Aвстрија: Наставниците позитивни на ковид а без симптоми, ќе држат предавања

Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек, смета дека наставниците кои се заразени со коронавирус и немаат симптоми треба да ги подучуваат учениците, пишуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Полашек истакнал дека укинувањето на карантинот важи и за наставниците заразени со Ковид-19 и дека тие, како и вработените во други области, треба да работат, со обврска да носат маска ФФП2.

Тој нагласил дека постојат единствени правила на Министерството за здравство за сите вработени и дека тие мора да се применуваат и за педагозите.

„Доколку се појави нов вид, кој исто така е многу заразен и води до сериозни болести, правилата ќе треба да се преиспитаат“, објаснил тој.

Најавил дека конечните правила за есента ќе бидат објавени на 29 август.

Покраините каде на 5 септември почнува новата учебна година, најавиле дека нема да ги принудуваат заразените педагози да предаваат во училиштата.

Синдикатот на наставниците го критикувал министерот Полашек.

„Тешко е да се разбере дека децата кои се позитивни на корона мора да седат во училницата, а наставниците кои се заразени да предаваат“, изјавил претседателот на синдикатот Пол Кимбергер.

Можете да прочитате

Во Холандија се зголемува бројот на пациенти кои преживуваат рак

Трамп потпиша извршна наредба за укинување на санкциите врз Сирија

САД дќе му продадат муниција на Израел во вредност од 510 милиони долари