Министерката за Европа во австриската влада, Каролина Едштадлер процени дека планираниот зелен пасош, кој треба да биде усвоен во ЕУ како документ што овозможува патување за време на пандемија, да се „прошири“ на трети земји, особено на Западен Балкан.
Зелениот пасош треба да содржи информации за прележано заболување, негативен тест за корона или вакцинација, со што би се овозможило патување.
Едштадлер, која е во посета на Тирана, за АПА изјави дека Западен Балкан е регион кој и е близок, од каде што потекнуваат голем број нејзини граѓани и затоа смета дека „зелениот пасош“ треба да се примени на тамошните држави.
Таа рече дека земјите од Западен Балкан, кандидати за членство во ЕУ, треба да бидат ориентирани кон ЕУ при изготвување на сертификати и технички услови, за да можат нивните граѓани безбедно да патуваат во Австрија.
„Ова исто така важи и за другата насока. Летната сезона е пред врата. Колку и да е убаво да се одмори во Австрија, можам да разберам дека граѓаните сакаат да ги поминат летото на море, а Западен Балкан е многу близу“, објасни Каролина Едштадлер.
Таа доде дека тоа треба да се примени и на трети земји, а за Австрија тие се Западен Балкан, Шпанија, Португалија и земјите од Јужна Америка.