Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Прилепчанец пријавил во полиција дека сопругата го нападнала и повредила со остар предмет, а сопругата пак еден час подоцна, во истата станица пријавила дека тој физички ја нападнал.
Како што соопшти МВР, вчера во 22:15 часот, 40-годишен маж пријавил дека во 19:30 часот во домот каде престојува неговата сопруга (28), со која се во бракоразводна постапка, по претходна расправија, со остар предмет го удрила во пределот на грбот и му нанела повреда. Истиот ден, во 23:15 часот во ОВР Прилеп, сопругата пријавила дека во 19:30 часот во нејзиниот дом, нејзиниот сопруг физички ја нападнал.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот. бк/сп/