Утрински Весник
Македонија

Нови асфалтирани улици во битолско Долно Оризари

Нови асфалтирани улици во битолско Долно Оризари

Битола, 26 мај 2020 (МИА) – Градоначалникот на Општина Битола Наташа Петовска изврши увид на градежните активности и асфалтирањето на две нови улици во битолското населено место Долно Оризари.

За асфалтирање на улиците во должина од 335 метри, вложени се 1,8 милиони денари, истакна градоначалничката Петровска.

– Во Долно Оризари досега инвестиравме околу 6,5 милиони денари бидејќи како што е познато претходно без реконструирани 5 улици во кои беа вклучени ЈП „Водовод“ и КЈП „Нискоградба“, а во тек е постапка за реконструкција на уште 7 нови улици, нагласи Петровска.

Во разговор со месното население градоначалничката Петровска беше информирана дека реконструирањето и асфалтирањето на улиците во Долно Оризари се врши по застој од 40 години. мт/сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерството за економија ја „спакува“ новогодишната кошничка

Владиката Тимотеј ќе биде погребан в четврток на Плаошник

СДСМ: Намалувањето на парите за чист воздух е удар врз здравјето на народот