Утрински Весник
Македонија

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Во скопското село Грчец, на 25.05.2020 во 00.40 часот полициски службеници од СВР Скопје, за време на забраната за движење, го лишиле од слобода Ј.Р.(28) од село Грчец бидејќи кај него била пронајдена прашкаста материја.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Од МВР денеска соопштија дека во текот на изминатите денови (22,23,24 и 25.05.2020) на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје санкционирани се едно возило бидејќи било нерегистрирано, три возачи поради управување на возила под дејство на алкохол и 45 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.

На 25.05.2020 околу 21.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на ул.„Јордан Џурнов“, по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу А.М.(45) и неговата сопруга Е.Ј.(42), од една страна и С.К.(36) и неговата сопруга А.К.(34), сите од Велес. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 24.05.2020 околу 18.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во с.Рудник во дворот од семејната куќа, Ж.Ф.(31) од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од В.Н.(58). Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес, В.Н.(58) од Скопје дека во дворот од семејната куќа во с.Рудник бил физички нападнат од К.Ф.(57) и неговиот син Ж.Ф.(31). По целосно документирање на случајот ке биде поднесена соодветна пријава. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности