Утрински Весник
Македонија

Водата за пиење во Скопје безбедна и квалитетна, покажуваат санитарните анализи

Соковите со малку шеќер подобро го дехидрираат телото отколку водата

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Квалитетот и безбедноста на водата за пиење во Скопје одговараат на Правилникот според чии критериуми се вршат санитарните анализи.

Како што соопшти „ЈП Водовод и канализација“ – Скопје, санитарна контрола е извршена во периодот од 18.05.2020 до 22.05.2020 на 182 примерока за физичко-хемиска и 182 примерока за микробиолошка анализа од 38 мерни места во град Скопје.

-Согласно добиените резултати од испитувањата во Секторот за санитарна контрола, кој е прва лабораторија во државата која го акредитира своето работење според стандардот ИСО17025:2018, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење (Службен весник на РМ, бр.183/18), информира „ЈП Водовод и канализација“. мч/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ