Тетово, 25 мај 2020 (МИА) – Изминува повеќе од еден месец како е забранет јавниот превоз помеѓу населените места во тетовскиот регион и над десет дена откако најави општина Тетово дека ќе побара од Владата да се елиминира мерката воведена за превенција од ширење на коронавирусот. Најзасеганти се оние жители на тетовските села кои остануваат без превоз до работа како и за извршување на некои обврски во градот.
-Оваа мерка е најштетна за нас кои немаме автомобил. Имам мали деца и имам потреба од често купување пелени и бебешка храна, навистинае ми е потешкотија. Често пати морам да ги молам оние кои одат во град да им дадам пари за да набават намирници и за мене, вели Слаѓана Тасевска од Туденце.
-Јас живеам во село Теарце кое оддалечено 10-тина километри од Тетово и на директен начин сум погоден од мерката. Секојдевно патуваме кон градот со комбиња и автобуси, сега сме приморани да одиме со автомобили, што е проблем за поголем дел од граѓаните, дел од нив не се во можност да патуваат со автомобил зошто немаат, а тие што имаат е доста поскапо од јавниот превоз. Меѓутоа ја поздравувам донесената мерка бидејќи тоа претставуваше потенцијален ризик за ширење на корона вирусот, вели Бобан Костадиновски.
Реакции има и од голем број фирми кои се регистрирани автопревозници.
-Додека ние чекаме нормализирање на состојбата, сосема непречено работат диви комби превозници кои не се регистрирани како фирми, велат претставници на тетовските автопревозници.
Тетовската градоначалничка Теута Арифи објаснува дека како кризен штаб побарале укинување на забраната за превоз со оглед на нормирализирањето во другите места. За дивите превозници нема информации.
-Затоа што по нашето информирање гледаме дека тоа веќе е во целата држава функционира истото да се врати во нашиот регион. Како што било и порано има и законски начини како тоа да фунционирало и треба да функционира така да нашиот инспекторат заедно со СВР Тетово продолжувале да ги следат и нормално да ја завршат работат како што налагаат законите. Ние како кризен штаб досега немаме не сме известени дека имало излегување од рамките во однос на на функционирањето, исто така од нашиот инспекторат додека овие институции продолжуваат вршат работата и доколку има во иднина проблеми од сличен тип секако дека ќе интервенираме, изјави Арифи.
Забраната за јавен превоз е од 21 април. ас/аа/