Утрински Весник
Македонија

Честитка за Рамазан Бајрам од премиерот Спасовски

Честитка за Рамазан Бајрам од премиерот Спасовски

Скопје, 24 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Оливер Спасовски на сите граѓани од исламска вероисповед им го честита големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Спасовски, во видео честитката, порачува дека годинава Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила има посебно значење заради пандемијата на КОВИД-19 и повикува на почитување на препораките за да се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас

– На сите припадници на Исламската вероисповед во нашата земја, во мое, и во име на Владата на Северна Македонија, упатувам најискрени честитки по повод големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам.

Оваа година Рамазан Бајрам, како празник на обновата на духовната сила којашто ја зајакнува вербата на луѓето во доброто, вистината, правдата и поттикнува желба за меѓусебна почит, разбирање, солидарност, има посебно значење заради актуелната здравствено-економска криза предизвикана од пандемијата на КОВИД-19.

Светиот месец Рамазан е најблагородниот и најсреќниот месец за граѓаните од исламската вероисповед.

Крајот на постот и дарбите што се стекнуваат за време на месецот на одрекувањето и воздржувањето, ги украсуваат верниците со дух на трпение, несебичност и дарежливост за да се споделат благодатите на празникот со членовите на семејствата, роднините, пријателите и соседи, се вели во честитката од премиерот Спасовски.

Во овие услови, порачува Спасовски, Рамазан Бајрам не повикува да се соочиме со предизвиците, кои ги носи оваа глобална здравствено-економска криза,  и врз начелата на почитување и солидарност да продолжиме заедно по патот што го избравме, здружено и единствени.

– Градиме заедно едно општество за сите граѓани, со еднакви шанси за секој и знам дека само заедно ќе успееме најбрзо и најбезболно да ги пребродиме сите, па и овие последиците од кризата.

Во духот на празникот Рамазан Бајрам како одговорни граѓани кон себе, кон своето семејство и кон државата, да ги почитуваме препораките за предострожност и заштита со носење на заштитна опрема и за одржување безбедна физичка дистанца. Оваа година да прифатиме дека со почитувањето на здравствените безбедносни препораки ќе се заштитиме себе си, нашите блиски и сите околу нас.

На крајот дозволете ми да ви посакам празничните денови да ги поминете во радост и спокојството на домот, во добро здравје и духовна сила!

Бајрам Шериф Мубарек Олсун – Нека биде благословен и честит празникот Рамазан Бајрам, се вели во честитката од премиерот Спасовски. аа/цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почна судењето против Вангелица Илијевска, обвинета за убиство на сопругот и свекорот во Кратово

Рокас: Очекувам овој пат и ЕУ да може да испорачува резултати со забрзана динамика

Димитријевиќ: СДСМ ќе покаже нова енергија и нова визија во креирањето на политиките