Утрински Весник
Македонија

Вооружен инцидент во скопско Бутел, нема повредени

Вооружен инцидент во скопско Бутел, нема повредени

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Во полициска станица денеска во 17.47 часот О.И. пријавил дека на ул. „Христијан Тодоровски Карпош“, кај новиот дел после надвозникот од десна страна, од две патнички моторни возила вомнегов правец било пукано со автоматско оруѓје.Во инцидентот нема повредени.

Од МВР за МИА информираат дека О.И. посочил дека препознал дела од напаѓачите.

Инаку, било пукано од „фолксваген пајтон“ сива боја и „ауди 4“ црна боја, од страна на неколку лица.

МВР работи на расчистување на случајот. цр/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Муцунски: Охридскиот Регион останува на Листата на светско наследство на УНЕСКО

ВМРО-ДПМНЕ: Паниката и воајеризмот што СДС ги демонстрираше минатата година за време на пожарите, денес се префрлаат на темата со водоснабдувањето

Измамник од Кавадарци фатен на дели, кај него се пронајдени 2.000 евра, претходно криминалистичко – технички обработени