Утрински Весник
Спорт

Хумелс прослави јубилеј, го одигра 250. натпревар за Борусија Дортмунд во Бундеслигата

Хумелс прослави јубилеј, го одигра 250. натпревар за Борусија Дортмунд во Бундеслигата

Волфзбург, 23 мај 2020 (МИА) – Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Матс Хумелс денес го одигра јубилејниот 250. натпревар за „милионерите“ во Бундеслигата. Тој беше заменет за време на полувремето поради повреда на ногата.

Средбата против Волфзбург заврши со победа на Борусија со 2:0.

Триесет и едногодишниот Хумелс започна да игра за Борусија од сезоната 2007/08, но во 2016 година се пресели во Баерн. Во јуни 2019 година, клубот од Дортмунд го врати Хумелс за 38 милиони евра.

Оваа сезона германски фудбалер одигра 25 натпревари во Бундеслигата за Борусија и постигна еден гол. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Алкараз се враќа на терените – пријавен е за УС Опен

Бекам заработи 25 милиони долари за време на Светското првенство во 2026 година, Шакира 20, Бибер 16 милиони долари

По тепачката во финалето Аргентинец заминува од Атлетико Мадрид