Утрински Весник
Спорт

Румениге: Не ја активиравме клаузулата на Кутињо

Кутињо: Сакам да се заблагодарам на Баерн со голови и добри перформанси на теренот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Минхен, 23 мај 2020 (МИА) – Иднината на Филипе Кутињо веќе е официјално објавена. Претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге потврди дека тој нема да остане во тимот, откако не ја активирале опцијата за купување.

– Клаузулата е истечена и ние не ја активиравме. Ние ќе го испланираме нашиот состав за следната сезона и ќе видиме дали тој ќе игра улога во тоа или не, рече Румениге за „Шпигел“.

Бразилецот не успеа да ја покаже врвната форма прикажана во Ливерпул, откако пристигна во Барселона во 2018 година. 27-годишниот играч постигна осум гола и даде шест асистенции на 22 натпревари во Бундеслигата оваа сезона, која беше суспендирана поради коронавирусот и повторно започнаа минатата недела.

Тој им се придружи на баварските гиганти на позајмица до крајот на сезоната од актуелниот шампион во Ла Лига на почетокот на кампањата, но така и не успеа да се етаблира во Минхен. Плејмејкерот пристигна со опција да биде откупен трајно за сума од 120 милиони евра.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лазаров го објави списокот за Европското првенство

Роналдо не гласаше за најдобар играч на сезоната на ФИФА

Њујорк го победи Сан Антонио во финалето на НБА Купот