Утрински Весник
Македонија

Чедтитка од Џафери за Националниот ден на Власите

Велигденска честитка на Џафери: Бидете трпеливи и храбри, ќе го пребродиме и ова

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието, Талат Џафери, по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите, упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница во Република Северна Македонија.

– Ми претставува чест да Ви го честитам 23 мај, Националниот ден на Власите. Би сакал да Ви изразам висока почит за големиот придонес што како заедница го давате и сте го давале на државата низ историјата, истиот бил значаен за развојот на Република Северна Македонија. Често сакам да нагласувам дека нашето богатство е во различностите, така преплетени и во заедништво, имаме сигурен напредок.

Драги сограѓани Власи, нека Ви е честит националниот празник, Ви посакувам да ја негувате и промовирате својата култура, да се гордеете со вашето наследство и историја и да ја унапредувате вашата положба во општеството. Власите во Република Северна Македонија имаат истакнати личности кои се дел од општествениот живот а заедницата во целост е мошне почитувана.

Уште еднаш, дозволете да Ви го честитам Националниот ден на Власите и да Ви посакам денот да го поминете во убава празнична атмосфера, наведува во честитката претседателот на Собранието Талат Џафери.са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонска филхармонија го слави јубилејот со концертот „80 години – Љубов!“

Во Собранието пратенички прашања – 24info.mk

Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора