Утрински Весник
Македонија

Потпалена градската депонија во Дебар

Потпалена градската депонија во Дебар

Дебар, 23мај 2020 (МИА) – Од синоќа гори градската депонија во Дебар, а чадот и тешката смрдеа се протегаат по целиот град.

Во гаснењето се вклучени Територијалната противпожарна единица, како и вработените во Јавното комунално претпријатие „Стандрад“ со сопствена механизација.

– Причина, повеќе од сигирно е човечки фактор. Потпалена е во доцните вечерни часови, зашто да се случеше во текот на денот можеби ќе можеше да се каже дека е од високите температури. Не се случува за првпат. Ова е на штета на сите, а е од несовесност на некого. Гореше од трите страни што беше многу опасно и за сите нас кои сме на терен, вели Омер Цами, раководител на секторот за комунална хигиена во ЈКП„Стандрад“.

По зачестите потпалуњата депонијата има и чувар во текот на денот. Тој синоќа бил до 19 часот.

Градската депонија се наоѓа на излезот од Дебар, на патот кој води кон бањскиот локалитет Бањиште и граничниот премин „Блато“.вт/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ