Утрински Весник
Економија

Најавата на нова вакцина донесе милионска заработувачка на Волстрит

Петте водечки американски компании за еден ден изгубија 162 милијарди долари

Њујорк, 23 мај 2020 (МИА) – Акциите на американската биотехничка компанија „Модерна“ скокнаа дури 30 проценти минатиот понеделник, откако беше објавено дека се постигнати ветувачки резултати во потрагата по ефикасна вакцина против коронавирусот, објави Си Ен Ен.

Во понеделникот и вторникот, финансиски и медицински директори на компанијата Модерна ги продадоа своите акции и остварија вкупна добивка од 27 милиони долари за само 24 часа.

Вкупната пазарна вредност на оваа биотехнолошка компанија се искачи на неверојатни 29 милијарди американски долари, иако фирмата нема свои производи на пазарот, според Си Ен Ен. ссм/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

Во април раст на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун, намален кај горивата

Перински: Модерни и развиени општини значат конкурентна економија