Утрински Весник
Македонија

Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал

Во велешката Општа болница зголемен бројот на боледувања од медицинскиот персонал

Велес, 22 мај 2020 (МИА) – Општата болница во Велес регистрира зголемен број на барања за боледување од страна на медицинскиот персонал, информираше денеска градоначалникот Аце Коцевски.

Тој појасни дека  поради ваквата  состојба, директорот на болницата, упатил барање до матичните лекари да бидат особено внимателни при издавањето на боледувања за медицинскиот персонал кој е неопходен во услови на кризата предизвикана од Ковид-19.

Спортед инфпормациите од велешката Општа  болница, таму медицинскиот персонал од другите одделенија, ротира наизменично и им помага на колегите од Инфективното одделение, а  кои во изминативе скоро три месеци имаат и најмногу работа во справувањето и грижата на пациенти болни со Ковид-19. ад/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Марјановиќ: Довербата во онкологијата е урната – пациентите бараат дополнителни проверки и анализи

Велев: Пациенти со дијабетес со месеци без терапија и сензори!

Марјановиќ: Онкологијата во хаос – нема регистар, нема систем, пациентите оставени сами на себе